МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Колумни
Зошто ќе гласам позитивно?

Зошто ќе гласам позитивно?

среда, 05 септември 2018, 12:19ч.   |   Xh.I.

Мирјана Најчевска

Јас ќе гласам позитивно на поставеното прашање на референдумот од две причини. Прво, мислам дека договорот со Грција сам по себе е добар договор, затоа што овозможува да мрднеме од мртвата точка на која сме заглавени веќе четврт век, затоа што е балансиран и компромисен и затоа што е правно издржан. Јас би гласала „за“ и на референдум на кој би се поставило многу поедноставно прашање: Дали сте за склучениот договор со Република Грција?

Второ, позитивниот исход на референдумот, според мене, ќе претставува подотворена врата за промена. Промена на условите за развој, промена на вреднувањето, промена на општата клима во државата. Јас лично не очекувам дека нешто одеднаш и прекуноќ ќе стане поинакво во државата. Не очекувам која било партија што ќе дојде на власт толку лесно да се откаже од облекувањето на удобните, добро разгазени чевли на претходникот. Не очекувам да потечат мед и млеко, не очекувам да скокнат платите, не очекувам да се исчисти воздухот или, пак, да се намали невработеноста. Меѓутоа, очекувам постепено ограничување на партиското самоволие, очекувам сѐ потешко облекување на оние претходно спомнатите добро разгазени чевли на претходникот, очекувам поставување на темелите на владеењето на правото, правила и процедури што ќе ги штитат граѓаните од моќниците, зачеток на социјалната матрица во која никогаш (ни зиме ни лете) некој не смее да остане без струја и вода, затоа што нема средства да го намири долгот кон давателите на услуги.

За мене, позитивниот исход од референдумот е можност да влеземе во таква фаза од развојот во која кога ќе му биде поставено прашање на градоначалникот зошто на распишаниот тендер на ЈСП „Скопје“ била избрана фирма што постои само седум дена, тој нема да ми каже дека сѐ е според закон и дека претходната власт ваков тендер дала на депилаторка (по принципот „удобни, разгазени чевли на претходникот“). Ќе влеземе во таква фаза од развојот во која едноставно нема да биде можно на ваков тендер да биде избрана фирма што постои една недела и кога на секое прашање градоначалникот ќе даде аргументиран, издржан и соодветен одговор во кој нема да се спомнува владеењето на претходната политичка гарнитура. Референдумот е мое право и јас ќе го искористам на начин што не ги ограничува другите во искажувањето на нивното мислење.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Мицко ташаклијата васељенски
ВМРО расчисти со иднината
Што готват Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Пред дестабилизација!
А Заев да престане со политичко лигавење?
Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.