МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Лицитација со вмровските пратеници
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговори, Заев да излезе на дебата со Мицкоски
Велосипедско дефиле во Скопје
Колумни
Фрлете го вмровскиот оклоп во протуѓерски ендек

Фрлете го вмровскиот оклоп во протуѓерски ендек

понеделник, 03 септември 2018, 19:50ч.   |   B.M.

Бранко Тричковски

Секоја критика на македонизмот би морала да биде поврзана со изгледите на совеста која не се повлекува пред вистината.

Значи, не парада, не семинарски перформанси за дневница и вечера, туку повраќање на сопствената утроба, шампонирање на мозокот, одлепување на душата, не од телото, туку од сопствената усраност, испокинатост, стутканост, тотална изложеност на себе во магнетната резонанца на стварноста, времето и историјата.

Зошто!?

Затоа што македонизмот кој успеа да еволуира во вакви чудовишни мутации и деформации, е истрошен, да не речам, промашен проект. Контекстот во кој се можни вакви расправи за повеќе од очигледни работи, во кои е можно апокалиптичната несреќа да се препознава како врвен патриотски чин, а одбивањето на договорот со Грција и конфронтацијата со целиот свет, да се прогласува за врвно достоинство – се вампирски аспекти на едно постоење. Опасно е да браниме таков македонизам. Обратно, треба да му помогнеме да се дораспадне и нацијата да ја внесеме во нова димензија. Најголеми непријатели на Македонија се патриотите. Односно шупелките кои немаат ништо друго.

Дали е тоа можно?

Јас не гледам на хоризонтот сили и субјекти кои би биле кадар да изведат еден таков подвиг како револуционерен чин. Последна прилика за тоа беше при смената на власта, односно при јасната подготвеност на општеството да ја прифати радикалната критика и ревизија на себе. Новите власти решија дека е подобро да не се оди со такво предизвикување на судбината, односно да се оди со Македонија како донкихотски штит, без да се проба неговата односно нејзината цврстина и отпорност во директна конфронтација со менталитетот и со митолошките ветерници.

Извештај од фронтот

Но, промени, и тоа длабоки, се случуваат. Македонија се менува, излегува од ропството во себе, од сопствените зандани. Референдумот е медиум преку кој тие промени стануваат видливи.

Еве го најновиот извештај од фронтот.

Македонија ја истресе од деколтето земјата што и се беше залепила во солзите што ѝ течеа додека над главата и фрчеше специјалната војна против референдумот, со невидени лаги, спинови и манипулации, со свесно и криминогено производство на паника, хаос и дезориентација, односно општа опасност, се подисправи, го сврте здолништето за да може длабокиот шлиц да и ја открие левата нога безмалку до врвот, ја затегна сината ешарпа и на инспекторот на ИРИ му рече:

„А, чујте, господине, Македонија е за Европа и НАТО, овие од Бојкот се куротресна грешка, а Мицко и ВМРО, не се ниту тоа, што друго ве интересира!?“

Хахаха!

Убедливо мнозинство граѓани се за интеграциите, убедливо мнозинство ќе гласаат „за“ на референдумот, расположението забрзано се крева кон нивото кое ќе го обезбеди излезниот цензус, довербата кај говњарите што работат против референдумот, односно најдиректно против Македонија, не може да биде пониска, нацијата се движи кон тоа референдумот да го претвори во епохален чин на својата зрелост, во фешта на слободата и промените, во отфрлање на глупавата вмронска црна шамија што ја забрадува и примитивизира, покажуваат анкетите на ИРИ и на Рејтинг.

Не само анкетите, општата атмосфера се прекршува во корист на Договорот со Грција, а блокот на противниците се раслојува и ја губи гравитационата сила на бесмисленото, но крајно опасно „не“!

Се радувам поради таквиот развој на настаните.

И се сеќавам.

Македонија беше на три метри од Монт Еверест кога Груевски и неговата злосторничка банда ја зграпчија за цокулата и ја симнаа во Катманду на операција на историскиот, национален и политички субјективитет, на пристојниот политички алпинист, во балканско говно на кое му е во природата да паѓа, а не да се искачува.

„Ваква не си за врвови, Македонијо“, така ѝ рекоа, „ќе те дотераме, историски, културно, политички, финансиски и морално, па ќе те пуштиме да се пентериш, не на Хималаите, разбира се, ами по нашите планински убавици.“

На иста позиција како во 2006 година

Беше тоа во 2006 година. Еве сме сега во иста позиција.

На триесет дена од Покривот на светот, таму кај што се врвовите на безбедноста и просперитетите, на НАТО и Европската унија, истите бандити повторно нѐ влечат удолу. Како ѓулиња се на местото на пераите. Јас велам дека да имаше вакви риби околу себе, Марко Пејчиноски никогаш немаше да го преплива Охридското Езеро.

Поводот тогаш беше препораката за членство и очекувањето да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а сега тоа е референдумот, односно договорот со Грција, гаранциите за идентитетот и членството во врвните европски и северноатлантски интеграции.

Ако отидеме уште подлабоко во сеќавањата ќе откриеме и други важни работи.

Обрнете внимание на следниве моменти: ВМРО беше против АСНОМ, односно АСНОМ ја конституира Република Македонија совладувајки ги отпорите или апстиненциите или колаборациите на ВМРО. ВМРО беше против референдумот за независноста, тогаш неприкосновениот Љубчо Георгиевски се залагаше одлуката за независноста да заврши на собраниско ниво. Еве, сега, ВМРО не се изјаснува за референдумот, односно е против.

Зошто.

ВМРО не може да ја поднесе конституцијата на Македонија како израз на волјата на народот, обратно ВМРО ја смета таа конституција како врвна изневера на народните интереси и на него како единствен артикулатор на тие интереси. ВМРО е народна партија која смета река народот е стока која тој ќе ја води на поило, на молзење и на стрижење, се разбира и на колење. Заедничко на сиве овие клучни моменти во кратката државотворна историја на Македонија, е тоа што ВМРО секогаш бил на спротивната страна од народната легитимација на државната и национална конституција. Ставовите на Груевски околу референдумот беа поза.

Успехот на референдумот ќе му го одземе на ВМРО предметот на работата, славното одбранбено уривање на Македонија како национална држава. Тоа ги тера да бидат против. Успехот без нив, односно против нивната волја, по трет пат ќе ги легитимира како организација која е против Македонија. Во тој случај, референдумот ќе биде трет конститутивен акт изведен во тешка битка против ВМРО. Но, успехот со нивна помош ќе ја овозможи политичката реализација на една нормална демохристијанска, умерено десна партија, во што допрва треба да се трансформира. Неуспехот, пак, нема да ја затвори македонската приказна, така како што на поразените лудаци од оваа партија им се причинува.

Многу е просто. Ај ќе видиме што ќе смисли другарот Мицко кога ќе излезе на табла да одговара.

© ЖУРНАЛ    ~68,24

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Пет совети за кампања за успешен референдум
Избори, наместо консултативен референдум!
Договорот со Грција и референдумот
Мизантропите и културата на омразата
Зошто ќе гласам за Европа
Зошто ќе гласам позитивно?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.