МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава

Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава

четврток, 27 септември 2018, 16:01ч.   |   Z.H.

 Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи раст од 2,1 проценти, а во периодот јануари - август годинава во однос на тој период лани раст од 5,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

 
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,0  отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 отсто.
 
Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, текстил, облека, метали, машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на мебел.
 
Според главните индустриски групи, производството во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај енергијата за 1,9 отсто, капиталните производи за 8,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 12,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за два отсто.

© ЖУРНАЛ    ~118,40

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.