МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
Лицитација со вмровските пратеници

Лицитација со вмровските пратеници

петок, 21 септември 2018, 09:35ч.   |   Xh.I.

Речиси истовремено додека претседателот Христијан Мицкоски го повторуваше ставот дека, доколку биде исполнет цензусот на референдумот и мнозинството граѓани го поддржат договорот со Грција, тогаш и неговата партија ќе гласа за измена на Уставот – почнаа да се изјаснуваат пратениците што нема да дигнат рака за промена на името. Синхронизирано, уште од раните утрински часови почнаа да пристигнуваат абери од вмровските народни избраници дека нема да дозволат да биде избришано минатото на државата. Од друга страна, низ јавноста веќе се шпекулира со имиња на одредени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ќе преминат на страната на власта и ќе помогнат да се стигне до бројката од 80 гласа, колку што му треба на мнозинството за да ја ратификува спогодбата од Мала Преспа.

Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија. Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Македонија. И народот, и гласачите, и членството. Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на претстојниот референдум“, соопшти Влатко Ѓорчев.

Тој вели дека референдумското прашање е манипулативно затоа што огромното мнозинство граѓани се „за“ членство во ЕУ и НАТО, но се „против“ непринципиелните обврски што се наметнати за Македонија и македонскиот народ.

Голем проблем и манипулација е што со денови, недели и месеци не се соопштуваат конкретните уставни измени, така што граѓаните не знаат и не можат да видат за што конкретно се бара нивното изјаснување. Од сите тие причини, јас како пратеник нема да гласам за најавените уставни измени“, наведува Ѓорчев.

Пратениците биле на линија со Мицкоски

Слични објави пристигнаа и од Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, Павлинка Честојнова, Никола Мицевски, Весна Дамчевска-Илиевска, Невенка Стаменковска, Благица Ласовска, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Васил Пишев...

Како кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ја побарав вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и во 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам: не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставот на државата со цел промена на уставното име на Република Македонија. Нема да бидам пратеник, но пред сè човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на иднина на младите генерации без минато. Ни поставуваат прашање што не заслужува одговор“, децидна е Ане Лашкоска.

Од ВМРО-ДПМНЕ дообјаснуваат оти изјавите на пратениците биле на иста линија како онаа на претседателот Мицкоски, односно дека тие тргнуваат од предуслов дека нема да биде исполнет потребниот цензус од 903.000 граѓани што ќе излезат да гласаат на 30 септември. Последните две внатрепартиски анкети што ги направиле покажувале дека максимум 650.000 граѓани ќе гласаат. Тие веќе изразија сомневање дека ќе има фалсификување на изборната волја. Сепак, лидерот Мицкоски остава простор за поддршка на уставните промени.

Ако бидат исполнети двата услова: првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ќе нема дилема“, повторува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе го „предаде“ лидерот

Имало цензус или немало, процесите се селат во Собранието. За да помине и последната пречка од ратификацијата на договорот, на 72 пратеници од власта и од опозициската Беса, кои ја поддржуваат спогодбата, треба да им се приклучат уште најмалку осум од коалицијата „За заедничка Македонија“, која има 48 члена. Притоа, ВМРО-ДПМНЕ има 42, тројца се од Социјалистичката партија, еден е од партијата на Србите, еден од партијата на Бошњаците и еден од партијата на Стевче Јакимовски. Двајца од тројцата социјалисти имаат (ин)директна работа со Специјалното јавно обвинителство. Иван Стоилковиќ и Панче Минов се изјаснија дека се против.

Но, во јавноста наголемо се лицитира не за пратениците од коалицијата, туку за оние внатре од ВМРО-ДПМНЕ, кои би требало да го „предадат“ Мицкоски. Меѓу нив се вртат имиња на поранешни државни и актуелни партиски функционери, како и членови на извршниот комитет. Што и колку е вистина ќе може да се види во следниот период. Прво, да помине референдумот и да се види дали воопшто ќе има потреба од трансфери.

© ЖУРНАЛ    ~422,146

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.