МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Македонија
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски

Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски

петок, 21 септември 2018, 11:34ч.   |   Xh.I.

Земјоделското здружение „Современо Земјоделство” на министерот Љупчо Николовски, му додели плакета за  најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од здружението посочија дека оваа плакета е резултат на мерките кои министерот Николовски и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги имаат преземано во изминатава година и половина, за развој на земјоделството.

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски  потенцирал дека оваа плакета ќе биде поттик и во иднина МЗШВ уште поинтензивно да работи на политики кои ќе бидат во корист на земјоделците и ќе го поттикнат развојот на агросекторот.

„Само заедно можеме да постигнеме развој во секторот, повисок стандард и подобар живот за земјоделците во Македонија. Резултатот од нашите мерки, на коишто посветено работиме, е видлив. Во првото полугодие од годинава имаме раст на земјоделството и учеството во БДП од над три отсто, пораст на вработеноста во секторот земјоделство, пораст на преработувачката индустрија во земјоделството“, порачал министерот Николовски.

Во рамки на манифестацијата за  избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година беше организиран и мини саем за земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, пиво, млечни производи, мед и друго.
 

© ЖУРНАЛ    ~87,29

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.