МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Македонија
Македонија ќе бара спас за железничката линија Белград-Скопје-Солун

Македонија ќе бара спас за железничката линија Белград-Скопје-Солун

четврток, 20 септември 2018, 16:07ч.   |   Xh.I.

Во пет до дванааест или на 10 дена до укинувањето на железничката линија Белград – Скопје – Солун од страна на „Србијавоз“, македонската влада ќе бара решение за проблемот. Утврдиле дека оваа линија е од огромно значење за државава па ќе вршеле притисок врз владата во Белград да се најде решение. Македонскиот министер за транспорт и врски вели дека ваквата одлука е против заложбите на двете влади за поголема поврзаност на земјите во регионот.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да го надминеме некако тој проблем, но не зависи од нас. Нивниот одговор е дека линијата нема економска исплатливост“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Иако „Србија воз“ уште во јануари годинава ги известиле МЖ Транспорт дека во согласност со грчки TRAINOSE, донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост и Македонски железници Транспорт како и Владата, велат дека прават напори да остварат средба со менаџментот на српското претпријатие за да се најде начин да не биде укината оваа линија.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.