МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
НЕМА ЦЕЛОСНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ТЕПАЧИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ, ИЗГОТВЕН..
Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима отежната од национализми
Македонија
АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

четврток, 20 септември 2018, 15:55ч.   |   Xh.I.

 ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари. Акцијата ќе се одвива во текот на претстојните неколку дена, а во нејзините рамки ќе се спроведе рачно и машинско метење и миење на сите булевари и сервисните улици во оваа скопска општина. Во акцијата ќе бидат ангажирани приближно 30 работници, а од механизацијата ќе се употребат: две специјални комунални возила – патарки, едно специјално комунално возило – метларка, две специјални комунални возила-кипер, еден втоварувач и две автоцистерни коишто ќе циркулираат во првата и во третата смена.

Во присуство на градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го најави почетокот на акцијата нагласувајќи дека во оваа општина е најизразено присуството на „црни точки“ каде што константно се создаваат нови диви депонии.

-Ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, со цел во рамките на акцијата да бидат расчистени дивите депонии во Шуто Оризари, коишто се создаваат како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните и на правните субјекти.“ - изјави Шабани.

© ЖУРНАЛ    ~69,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.