МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Свет
Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?

Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?

среда, 19 септември 2018, 15:32ч.   |   Z.H.

 Израелските медиуми анализирајќи го соборувањето на рускиот воен авион Ил-20 признаа дека дел од одговорноста има и Израел. Тие сега стравуваат дека Русија во Сирија ќе испрати противвоздушен систем С-300.

Авторот на написот во Хаарец смета дека овој инцидент „би можел делумно да биде предизвикан од (намерно) задоцнетото предупредување на Израел“, како и вкупните фактори меѓу кои е, како што забележува новинарот, можната недоговорена акција меѓу Русија и Сирија.
 
Весникот заклучува дека Израел, најверојатно, во секој случај ќе мора во блиска иднина да ја ограничи својата воена активност во Сирија.
 
Ерусалим пост, пак, забележува дека реториката на Русија на сметка на Израел по инцидентот во кој е вмешана израелската авијација сепак не била многу остра. Сепак, весникот стравува дека инцидентот може да ја наруши кревката рамнотежа во Сирија.
 
Загриженост предизвикуваат гласините за можни испораки на противвоздушни комплекси С-300 на сириската војска, што ќе ја отежни активноста на израелската авијација во регионот.
 
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 17 септември околу 23 часот изгубило контакт со руски авион Ил-20 кој се враќал во базата Хмејмим, а се наоѓал на 35 километри од брегот на Средоземното Море.
 
Министерството истакна дека во тоа време четири израелски Ф-16 напаѓале сириски цели во Латакија. Според руското министерство, криејќи се зад рускиот авион, израелските авиони го ставиле на удар на сириските ПВО системи С-200 и сириски ракети го урнале. Загинаа 15 руски војници.
 
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе одговори на соборувањето на „иљушинот“.
 
Израелската војска соопшти дека со руските власти ќе ги сподели сите информации за да се истражи инцидентот со соборениот руски воен авион.

© ЖУРНАЛ    ~88,30

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
Болсонаро ќе дозволи американска воена база во Бразил
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.