МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Османи убеден во посветла иднина, Рот: „Иднината на младите од Македонија е во ЕУ“

Османи убеден во посветла иднина, Рот: „Иднината на младите од Македонија е во ЕУ“

недела, 16 септември 2018, 10:37ч.   |   B.M.

Михаел Рот, државен министер за Европа при германското МНР вели дека дека не постои подобра иднина за македонската младина, без европска перспектива. Тој додаде дека на референдумот на 30 септември, граѓаните на Македонија треба да покажат храброст и јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО.

„Тука сум поради младите луѓе, ги знам нивните очекувања. Има луѓе кои можеби се сомневаат или не се задоволни од компромисот што беше постигнат, но сите тие првенствено треба да мислат на иднината на младите генерации“, изјави Михаел Рот, државен министер за Европа при германското МНР.

 Бујар Османи, вицепремиер за Европски прашања, рече дека Рот е еден од најголемите подржувачи  на Македонија на патот кон ЕУ.

„Тој е еден од најгласните поддржувачи, но и најгласните адвокати на правната држава, на инклузивното општество. Задоволство е што имаме такви пријатели во одлучувачки моменти за државата. Сигурно тоа ќе се рефлектира во мотивација на граѓаните масовно да излезат на референдум бидејќи веднаш по 1 октомври не чека светла иднина, кога Македонија веќе ги прави финалните подготовки за членство во НАТО во ЕУ кои гарантираат мир за наредните сто години и економски просперитет“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

 На панел-дебатата на тема „Мултиетничко општество“, освен вицепремиерот Османи, присуствуваше и заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.