МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Столтенберг: НАТО ќе има цврст, но правеен однос кон Русија

Столтенберг: НАТО ќе има цврст, но правеен однос кон Русија

недела, 16 септември 2018, 10:27ч.   |   B.M.

НАТО нема намера да отстапи пред Русија, туку ќе остане на цврстиот, но праведен однос кон Москва во врска со приемот во членство на поранешните советски републики, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

- За нас не е противречно да се биде цврст во пристапот кон Русија, како што сме, но во исто време и да бараме дијалог, изјави синоќа Столтенберг во обраќање пред присутните во конзервативната фондација „Херитиџ“ во Вашингтон.

Првиот човек на Алијансата истакна дека НАТО не сака конфронтација, но вината за лошите односи меѓу Северноатлантскиот пакт и Русија и ја припиша на Москва и нејзината „подготвеност за употреба на сила против соседите“.

- Гледаме една Русија која ја обновува старата моќ, која вложува во различни капацитети и во разузнавачките служби, истакна Столтенберг, додавајќи дека токму ваквиот пристап на Москва ги натерл членките на НАТО, првпат по завршувањето на Студената војна, да ги зголемат трошоците за одбраната.

Како што јави Гласот на Амрика, тензиите меѓу Русија и Западот почнаа да се зголемуваат по интервенцијата на руската армија во Грузија пред 10 години, а го достигнаа својот врв со анексијата на украинскиот полуостров Крим од страна на Москва во 2014 година.

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.