МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Зимбаков: Ги застапувам интересите на жителите

Зимбаков: Ги застапувам интересите на жителите

недела, 16 септември 2018, 10:17ч.   |   B.M.

 

Обраќање на градоначалникот Зоран Зимбаков од Општина Босилово по повод написите во медиумите од еколошкото здружение „Здрава котлина“

 

Почитувани граѓани на општина Босилово, 

 

Како градоначалник на Општина Босилово, сакам, но имам и обврска, да сум во постојана комуникација со жителите на општината.

 Да се консултирам и да соработувам во интерес на изнаоѓање решенија кои ќе го подобрат нашиот заеднички живот.

Во оваа насока, пред неколку дена присуствував на состанок во селото Иловица, кој беше поврзан со престојниот референдум на 30-ти септември 2018 година. На состанокот имаше 30-тина жители од селата Иловица и Штука,и дел од нив се обидуваа да го свртат вниманието кон себе и кон прашањето за рудникот „Иловица – Штука“.

Сакам да потенцирам дека, во ниту еден момент, на состанокот не се доведе во корелација прашањето за референдумот за Европска Македонија и за рудникот, како приватна инвестиција на странска компанија во Македонија.

Факт е дека и за двете прашања има различни мислења, но сум сигурен дека не треба да постои корелација и условување на гласањето на референдумот со економската инвестиција на компанијата Еуромакс Ресоурцес. Едното е прашање од интерес за целата држава и за иднината на Македонија, а другото е потенцијална можност за развој на локалната заедница.

На сите жители на општина Босилово им е јасно дека прашањето за рудникот „Иловица – Штука“ не е во надлежност на општината, туку одлуката за реализацијата на оваа странска инвестиција треба и единствено ќе се донесе на државно ниво. Влезот во НАТОи во Европската Унија  е клучен за напредокот и за развојот на Република Македонија.

Оваа е уникатна можност да обезбедиме поквалитетен живот и подобра иднина за нас и за нашите поколенија.

Секако, како градоначалник на Општината, ќе се залагам за што е можно поголем број инвестиции во економијата, кои ќе обезбедат поголем број вработувања, ќе го намалат иселувањата од овој крај, директно ќе влијаат на квалитетот на животот на граѓаните и секако, нема да влијаат на животната средина и убавините на Македонија.

Како градоначалник на општина Босилово уште еднаш сакам да испратам јасна и недвосмислена порака до сите жители на општината, но и до граѓаните на Република Македонија: на состанокот во село Иловица, членовите на СДСМ  побараа средба со премиерот Зоран Заев околу рудникот,меѓутоа поради големите обврски на Премиерот,во овој момент ,тоа не може да се реализира,пред референдумот.

Жално е што одредени структури, неколку дена подоцна, манипулативно се обидуваат да го свртат вниманието кон себе и кон сопствените интереси на штета на граѓаните и на развојот на општината и на државата.

Ветувам дека секогаш сум ги и ќе ги застапувам само интересите на жителите на Општина Босилово и ќе се трудам, на сите можни начини, заеднички да ги подобриме животните услови во општината.

На крајот сум сигурен дека сите граѓани на општина Босилово, масовно ќе го поддржат референдумот и ќе ја препознаат шансата за новите перспективи кои се отвораат на нашата Европска Македонија.

                                                                                                                                                                  Општина Босилово

                                                                                                                                                                       Градоначалник

                                   

© ЖУРНАЛ    ~109,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.