МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Лицитација со вмровските пратеници
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговори, Заев да излезе на дебата со Мицкоски
Велосипедско дефиле во Скопје
Македонија
Хан: Ако не се прифати Договорот со Грција, вратата на ЕУ ќе биде затворена со децении

Хан: Ако не се прифати Договорот со Грција, вратата на ЕУ ќе биде затворена со децении

петок, 14 септември 2018, 09:40ч.   |   Xh.I.

Непосредно пред неговата посета на Македонија во понеделникот, еврокомесарот за проширување во интервју за МИА вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“.

„Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата“, рече Хан за МИА.

Еврокомесарот, кој доаѓа за „Деновите на медиумите“, ќе ја искористи својата посета да се сретне и со граѓани во Штип, каде ќе ја пренесе оваа порака. Неговата цел, вели тој, е да им ги предочи на граѓаните импликациите од Договорот со Грција и од прогресот на патот кон ЕУ.

„Идејата е да се создаде нешто повеќе, ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие имаат фунцкија на добавувачи, сѐ заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето“, вели Хан.

Тој е уверен дека, доколку Македонија ги исполни поставените услови за почеток на преговори, Македонија може да смета на почеток на истите на средината на 2019. Околу условеноста на датум за преговори, еврокомесарот за проширување цени дека и без таа условеност, Македонија ќе требаше да чека најмалку една година за фактичко започнување на преговорите, бидејќи тие бараат подготвителна работа.

„Може да разговараме за формулациите, но содржински нашите процедури не би биле различни дури и да беше различно формулирано. Затоа што во секој случај ние мораме да го подготвиме отворањето на преговорите, на начин што кога ќе го добиеме зелено светло, кон средината на идната година, тоа ќе биде возможно само ако домашните задачи се направени дотогаш од страна на владата во Скопје. И тоа не е само спорот со името, туку и натамошното имплементирање на итните реформски ориоритети, извештајот на Прибе...“, вели Хан.

Запрашан за „млаките“ пораки на претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер за проширувањето во своето годишно обраќање, комесарот задолжен за проширувањето на Унијата не е „воопшто“ разочаран, напротив. Според него, Јункер главните пораки ги упатил лани, со што се поттикна новата стратегија за проширувањето. За Хан, процесите се започнати и „нема потреба да се зборува, туку да се делува“.

„Јасно беше дека се концентрираше на други области каде прогрес е потребен бидејќи тоа е намерата на таков говор, да се рефлектира врз направеното и да се укаже на тоа што треба да биде направено. И во случајот на земјите од Западниот Балкан сѐ е јасно, сѐ е кажано повеќе пати од повеќе луѓе и сега е на сите нас кои работиме на ова дневно да го искористиме овој момент понатаму“, рече Хан.

Комесарот говори и за дијалогот помеѓу Србија и Косово. Според него, не е исклучено „размената на територии“ или „корекцијата на границите“ да бидат „дел од крајната сложувалка“, но дека во секој случај секое решение мора да претставува придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот, како и дека двете страни се свесни за меѓународните обврски и загриженоста на меѓународната заедница. За крај, тој верува дека е можно решение за овој спор до средината на идната година.
 

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.