МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Македонија
Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот

Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот

петок, 14 септември 2018, 09:39ч.   |   Xh.I.

Желба, надеж и поддршка за Зоран Заев да го добие референдумот, уште еднаш изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, овој пат во интервју за сервисот на грчки јазик на „Јуроњуз“ (Euronews)

Посакувам и се надевам дека овој договор ќе оди напред. Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И секако, потоа, уште потешкиот обид да најде 2/3 во Собранието, во неговиот парламент за да ја ратификува уставната промена. Ова е голема шанса за Грција, голема шанса за регионот. Решава проблем што постои со децении и според моето мислење го решава на позитивен начин за земјата, вели грчкиот премиер во интервјуто за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас вели дека решението меѓу двете земји ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент и објаснува дека Договорот од Преспа, ќе дојде во парламентот, онака како што е одредено во самиот договор „кога другата страна ќе го финализира процесот на уставна ревизија и секако кога ќе се состави протоколот за интеграција во НАТО“, за Грција да може да го ратификува и протоколот за членство на Македонија во Северно -атлантскиот сојуз.

„Овој договор ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент. Ја почитувам и не се согласувам со позицијата на мојот коалициски партнер, со кој имам чесна и искрена соработка и сум сигурен дека ќе ги задржи неговите принципи, така како што самиот верува, но нема да го наруши непречениот тек на земјата кон економско закрепнување и политичка стабилност“, објаснува Ципрас во однос на позицијата на Независни Грци и Панос Каменос.

Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори заедно со локалните и евроизборите во мај следната година, грчкиот премиер уште еднаш го повтори ставот дека „целта и стратегијата на владата е да го заврши четиригодишниот мандат“, а изборите да се одржат во октомври 2019.
 

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.