МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Рама: Идејата за корекција на границите е играње со судбината на албанската нација

Рама: Идејата за корекција на границите е играње со судбината на албанската нација

петок, 14 септември 2018, 16:14ч.   |   Xh.I.

Идејата за корекција на границите е многу деликатна и претставува играње со судбината не само на Косово, туку и на албанската нација, изјави албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама.

Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Ора њуз, Рама првпат се произнесе околу идејата за коренција на границите меѓу Косово и Србија, нагласувајќи дека избрал да молчи „кога на големо сите зборуваат за ова прашање“.

– Обврска на Косово, на државата и на властите, е да подготват платформа за дијалог. Јас сум последен меѓу Албанците што треба да зборувам и да коментирам зошто во Косово има дебата за идејата, а не за платформа. Чувствувам дека сум должен да ги почитувам до крај Косово и неговите власти. Многу јасен сум дека сум зборувал и ќе зборувам секогаш кога за тоа има потреба за Косово, но јас ниту сум зборувал ниту ќе зборувам во име на Косово. За мене зло е да коментатирам. Ни треба многу повеќе од дебата, изјави Рама.

Тој оцени дека Албанија има обврска силно да го поддржува Косово и во рамки на таа обврска ќе продолжи и ќе чека што косовските претставници размислуваат и што се согласни да направат.

– Не можам да бидам тутор на Косово. Ова е прашање во кое се игра со судбината не само на Косово, туку на албанската нација и може да биде многу сериозна грешка, смета Рама.

Албанскиот премиер нагласи дека е потребна внатрешна стратешка дискусија, но оти лидерите во Косово не го прават тоа во актулениот миг.

– Треба да направиме внатрешна стратешка дискусија и тоа треба да го сторат оние што раководат со Косово. Јас не гледам дека го прават тоа. Албанците треба да дискутираат како мажи во Парламентот, а не само да се шетаат по телевизиите за да се конфронтираат. Изгубивме бидејќи не знаевме како да се однесуваме со историјата, оцени албанскиот премиер Рама.

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.