МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Македонија
Рот од Охрид: Договорот е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО

Рот од Охрид: Договорот е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО

петок, 14 септември 2018, 14:44ч.   |   Xh.I.

Македонија испишува историја, не само национална туку и европска. Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал што посокоро македонските пријатели да ги видам во групата пријатели обединети во двете асоцијации, изјави денеска во Охрид државниот министер за Европа при германското МНР, Михаел Рот.

„Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска можност. Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока“, рече Рот.

На интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ одржана на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, Рот уште изрази задоволство што голем број Македонци живеат и работат во Германија, посочувајќи ги како значајен сегмент што придонесува во збогатувањето на германското општество, но и економијата.

„Сакаме да го олесниме начинот на кој тие можат да дојдат и да работат во Германија, но сепак за тоа постои режим воспоставен во рамки на ЕУ и Шенгенската зона. Она што е наша интенција е сепак да се изнајдат начини за поедноставување на таа процедура, рече Рот, истовремено посочувајќи ја заинтересираноста на германските компании за инвестирање во Македонија, како начин за отварање нови работни места и севкупно подобрување на животниот стандард на македонските граѓани, особено за помладите генерации.

Шефот на македонската дипломатија Димитров рече дека посетите на канцеларката Ангела Меркел, денешната посета на Рот, како и веќе најавените посети на неговиот германски колега, како и министерката за одбрана, се потврда на силниот интерес на Германија за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.

„На 30 септември имаме голема, историска крстосница. Мислам дека ќе успееме, влогот е голем, пораките се јасни, никој не знае дали оваа наша генерација ќе има следна шанса. Јасно е дека Договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик, вчера премиерот во Стразбур првпат се обрати на македонски јазик, доби овации. И ако вчера Европарламентот стана на нозе за европска Македонија, ние ќе станеме на нозе за истата кауза и на 30 септември“, рече Димитров.

Македонскиот МНР додаде дека се работи за целосно напартиско прашање, што нема врска со Влада, со градоначалниици, не се локални ниту парламентарни избори туку, како што рече, за иднината на Македонија и сите нас како нејзини граѓани.

„Десет години да зборувате за референдум и на секое можно прашање да велите дека кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните, а потоа повторно да немате јасен став тоа е бегање од одговорност и бегање од соочување со волјата на народот. Што не е добро за партија што често се дрзнува да зборува во име на народот. Народот зборува преку гласање“, беше коментарот на Димитров за ставот на најголемата опозициска партија околу престојното референдумско изјаснување.

Во врска со македонските национални кодови, Димитров рече дека тие остануваат и „МК“ и „МКД“, а по однос трговските марки прашањето не е затворено со Договорот од Преспа.

„Договорот само кажува како тоа прашање ќе се третира, додека не се најде решение останува се по старо, без наша согласност и нивна не може ништо да се смени. Ние имаме повеќе трговски марки со предзнакот ‘Македонија‘, ‘Македонско‘, итн... Ќе се формира заедничко тело со меѓународни експерти, кое ќе најде начин како тоа ќе функционира. Оаа не е важно само за идентитетскиот дел, туку и за комерцијалниот интерес“, рече Димитров.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.