МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Договорот со Грција „за да не извира“ балканската историја

Договорот со Грција „за да не извира“ балканската историја

петок, 14 септември 2018, 12:11ч.   |   Xh.I.

Ако Договорот за името пропадне ќе се зголемат интересите на околните балкански земји, така што историјата може да почне да извира под нашите нозе околу тоа кои се Македонците, чии се и чија е територијата на Македонија, вели професор Денко Малески.

Договорот за името со Грција не смее да пропадне зашто во таков случај се отвора многу неизвесна иднина за Македонија, вели поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески. Сликовито објаснува дека во таков случај „може да почне да извира историја од под нашите нозе“.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за МИА, вели дека ако се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „со децении, ако не и засекогаш“.

Малески вели дека вакво поклопување на жалбите на Македонија и интересите на големите сили за на земјава да ѝ се отвори патот кон евроатлантските интеграциите нема да се повтори во скоро време. На домашен план, пак, неуспехот на референдумот ќе значи драматична поделба на македонското општество, каде што речиси 100 проценти од втората по големина етничка заедница, Албанците, се „за“.

„Таа поделба многу ќе наликува на украинската ситуација, која ќе ја дестабилизира земјата внатре. Оттука натаму веќе сите други опции кои ни се познати во историјата се отвораат. Интересите на околните балкански земји ќе се зголемат, бидејќи и тие имаат во овој регионален амбиент различни аспирации. Тоа ќе ги охрабри. Така што историјата може да почне да извира под нашите нозе околу тоа кои се Македонците, чии се и чија е и која е територијата на Македонија“, објаснува Малески.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити вели дека е речиси неверојатно некоја идна влада да издејствува подобар договор од овој. Тој посочува дека никој не е комплетно задоволен од Договорот со Грција, но со него се заштитени идентитетските прашања и се отвораат економски перспективи за земјава. Ако ова пропадне, Македонија ќе се најде во многу тешка ситуација, вели тој.

„27 години ние кубуриме со овој проблем. Ова е тежок баласт и ова е една од главните пречки за нашето напредување во евроатлантските интеграции. За жал, прашање е тешко и болно, има тука и елементи на неправедност кон Република Македонија и тоа го знаат сите граѓани. Затоа мислам дека нема граѓанин во Република Македонија, и оние што го поддржуваат, и оние што се против Договорот, којшто е комплетно задоволен со сите решенија во договорот. Тоа е нормално, на крајот на краиштата ви се менува името, меѓутоа идентитетските прашања се заштитени и економските перспективи се отвораат“, вели Фити.

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, пак, соопшти дека ќе го поддржи Договорот со Грција, не затоа што нема да предизвика негативни последици, „туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на Договорот со Грција и смета дека во иднина може да постигне подобар./рсе

© ЖУРНАЛ    ~90,30

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.