МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Свет
Маас во последен обид да ја спречи офанзивата во Идлиб

Маас во последен обид да ја спречи офанзивата во Идлиб

петок, 14 септември 2018, 13:02ч.   |   Z.H.

 Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска треба да се сретне со рускиот министер Сергеј Лавров, во последен обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката сириска област Идлиб.

 
– Знаеме колку се високи влоговите. Ова го правиме со цел да ја спречиме најлошата можна хуманитарна катастрофа, изјави Маас пред средбата која треба да се одржи во Берлин, јави новинската агенција ДПА.
 
Се проценува дека во Идлиб има околу три милиони жители, и дека, во случај областа да падне под сириска контрола, околу милион од нив може да се упатат кон Европа. Претходниот обид на Турција да ја стопира офанзивата, која е во тек, исто така не вроди со плод. Маас побара да се работи за изнаоѓање на политичко решение на спорот околу Идлиб – последната поголема сириска област што е под бунтовничка контрола.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
(Видео) Воен авион леташе низ ураганот Флоренс
Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?
Во Германија паднал најголемиот град регистриран досега во Европа
Десетина загинати при уривање на надвозник во Италија
Долго очекуван црвен картон за Унгарија
Европа среде септември пред топлотен бран: Следи температурен шок
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.