МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Xроника
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

вторник, 11 септември 2018, 11:21ч.   |   Z.H.

 Вработена во обложувачница во Маџари вршела фиктивни уплати на тикети, а потоа за да прикрие дека недостасуваат пари испланирала вооружен грабеж.

 
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување на кривично дело, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000 денари.
 
На 5 септември годинава околу 09,30 првопријавениот претходно се договорил со вработената да влезе со оружје и наводно да ја принуди да му ги даде парите од сефот од обложувачницата. Тие ја договориле кражбата со цел да го прикријат долгот на парични средства кои претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број на тикети со високи суми, фиктивно без уплата на пари, а уплатите на тикети ги извршила Ј.Б.
 
„Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила истиот да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да ѝ ги побара паричните средства од касата, а сè со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувачницата кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства“, велат од МВР.
 
Од таму информираат дека двете лица се приведени.

© ЖУРНАЛ    ~144,48

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Возило удри во жена на „Партизанска“
Скопјанка на работното место била нападната од сопруга на колега
Разбојништво во канцеларија на „Брза пошта“, одземени 680 000 денари
Автобус се заби во дрво - сообраќајна незгода во Автокоманда
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.