МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Регион
Уште еден чин во циничната игра за Косово

Уште еден чин во циничната игра за Косово

понеделник, 10 септември 2018, 11:59ч.   |   Z.H.

 Чуму целиот овој циркус? Како тоа Вучиќ и Тачи наводно бараат решение, но потоа на првиот свиок излетуваат од патот на компромисот? Изгледа дека театарот ќе потрае, пишува Аделхајд Фајлке.

Со недели речиси и да немаше друга тема на Балканот. Па Србија и Косово се пред договор, па Тачи и Вучиќ работат на решение, па можна размена на територии... Врвот на таа инсценација - на која падна и меѓународната јавност - требаше да биде обраќањето на претседателот на Србија на жителите на Митровица. Најавуван беше историски говор, се шпекулираше дека ќе биде одреден правецот во кој ќе се одвиваат работите, имено во правец на помирување, нормализација и мирен соживот... Од тоа немаше ништо.
 
По неделата на политичка надеж дојде викендот на студено отрезнување. Долго планираното продолжение на дијалогот на двајцата претседатели пропадна во петокот, бидејќи Вучиќ се почувствува измамен, па го испрати својот директор на Канцеларијата за Косово да говори за „лаги и расипаност“ на Приштина. А „историскиот говор“ во Митровица беше повторување на старите позиции. Наместо нов правец, Вучиќ продолжи по стариот со големи зборови: ништо од признавање на Косово, ништо од корекција на границите.
Што се случи па надуените очекувања за договор на двајцата претседатели да се распрснат како меур од сапуница? Дали нешто се случи зад кулисите или од самиот почеток сето тоа беше нов акт во вообичаениот балкански театар?
 
Вистина е дека косовскиот претседател, за разлика од белградскиот колега, на внатрешен план се наоѓа под енормен притисок. И владата и опозицијата го блокираат.
 
Јасно е дека меѓу Србија и Косово има чувствителни теми кои треба да се расчистат за решението да биде можно. Косово сака пред сѐ едно: признавање, односно тргање на српската блокада на патот кон ОН. Србија, од друга страна, сака да го реши проблемот со сочуван образ за да напредува кон ЕУ. Тоа на сите им е јасно.
Но помеѓу се серија чекори. Што со правата на малцинствата? Со заштитата на црквите и културните споменици? Користењето на природните ресурси на северот на Косово? Таа листа може да продолжи до недоглед. 
 
Решение во цајтнот
 
Но повторно, чуму сиот овој циркус? Како тоа двајцата претседатели прво тежнеат кон конкретно решение, но потоа на првиот свиок излетуваат од патот на компромисот? Целосно спротивно на премиерот на Грција и Македонија кои покажаа дека е можно да се мине и низ поостри свиоци.
Како населението да биде подготвено на решение доколку нивните лидери не се подготвени заеднички да го бранат заедничкиот концепт? Или макар да влечат на иста страна. На тажната претстава само ѝ е додаден уште еден чин кој оди врз грбот на обичните луѓе, поттикнува емоции и страв...
 
На маргината на блокадите на патиштата во неделата беа напаѓани новинари од Србија, меѓу нив и две репортерки на Дојче веле само затоа што имаа автомобил со српски таблички. Наместо разгорување, климата на етнизиран страв и насилство треба да се расчисти. Но за тоа се потребни лидери кои се одлучни во одбрана на демократијата, а не во користење на националистичка реторика која ги продлабочува старите ровови.
Останува надежта во интензивно европско посредување околу кое се труди и Федерика Могерини. Се влегува во цајтнот, напролет се европските избори, па не може ни да се прогнозира што ќе се случува после. Притоа, веќе долго гасне некогаш блескавата привлечност на ЕУ со која можеше да биде постигнат компромис.
 
Прашање е дали актерите целосно дигнаа раце од концептот според кој решението е неопходно што побрзо. Вучиќ во Митровица повторно зборуваше, не за месеци, туку за години и децении. Без политичарите од Белград и Приштина - особено без Вучиќ кој во Србија има целосна власт - нема да има напредок. Можеме да се подготвиме за уште драми, бидејќи хепи енд на оваа претстава уште не е на повидок, а никој не знае уште колку чинови има до крајот.

© ЖУРНАЛ    ~463,155

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
ЉУБОВНА ДРАМА: Скокнал од 13 кат по караница со девојката
СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.