Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Стоиловски: Извештајот на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Стоиловски: Извештајот на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата
ssss.jpg

„Македонија е претворена во дувло на криминалот и корупцијата, а тоа доби потврда и од ГРЕКО, групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа.  Македонија никогаш во својата историја откако е член на ГРЕКО нема добиено негативен извештај и никогаш не била оценета со незадоволителна оценка од страна на Советот на Европа во однос на борбата против корупцијата, посочува на денешната прес-конференција  портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски.

Тоа докажува дека ако во секоја држава има мафија, тука, со доаѓањето на власт на СДСМ, додава тој, мафијата си доби своја држава.

Првпат откако СДСМ е на власт ние добиваме катастрофален извештај кој покажува дека приоритет на кабинетот на премиерот Зоран Заев е личното богатење преку брутален грабеж на народот и државата, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го предупреди Заев дека уназадувањето во нашите евро-атлански интеграции поради криминалот извршен од високи партиски и државни функционери на СДСМ никогаш нема да може да надомести со распродажба на државните и националните интереси на Македонија. Ваквиот извештај на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, јазикот и идентитетот, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата и да се доближи до Европската Унија. Но затоа ГРЕКО потврди дека единствен начин  да се стави крај на корупцијата во Македонија е криминалниот картел на власт да си замине“, изјави Стоиловски.

 09.08.2018, 16:05  | Xh.I. | 28

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18924
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.