МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Братот на Миленко добивал субвенции од претходната власт за чување кози
Уставниот суд ги отфрли иницијативите за Одлуката за уставни измени
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
Спорт
„АС“ открива: Модриќ му поставил услов на Перез!

„АС“ открива: Модриќ му поставил услов на Перез!

вторник, 07 август 2018, 11:12ч.   |   Xh.I.

И денес актуелна е темата „Модриќ“.

Реномираниот шпански медиум „АС“ открива што најдобриот играч на последниот Мундијал бара од Реал Мадрид за остане во овој клуб.

Како што претходно се пишуваше, Интер на Модриќ му нуди договор според кој Хрватот би станал втор најплатен играч (зад Роналдо) во Серија А со 10 милиони евра по сезона.

Од „АС“ тврдат дека Модриќ од Перез бара да ја израмни понудата со онаа Интер, во тој случај би се согласил да остане во клубот со кој освои четири титули во Лигата на шампионите.

Се додава и дека Модриќ има голема љубов и почит кон клубот, но сепак дека своја улога во неговата иднина ќе одиграат и парите.

Ќе потсетиме Модриќ во Реал во овој момент заработува 6.5 милиони евра по сезона, што значи за да остане клубот ќе мора да му обезбеди најмалку 3.5 милиони повеќе.

© ЖУРНАЛ    ~97,33

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
„Бомба“: Познато и првото засилување кое Венгер ќе го донесе во Милан!
Кој е Милан Павков? Од селски фудбалер и антиталент до ѕвезда во ЛШ!
Спасовски: Јанчев го обезбедуваме патролно, закани има и кон Христијан Мицкоски
Драма на Сан Сиро: Како Роналдо го спаси пеналот на Игуаин?
Вијали: Се срамев што имам рак, се чувствував како јас да сум виновен што сум го добил
И на Мурињо не му е јасно како: Италијанците лесно ги одбија 90 милиони евра од Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.