МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Колумни
Мизантропите и културата на омразата

Мизантропите и културата на омразата

среда, 01 август 2018, 15:00ч.   |   Xh.I.

Bо деновите што ги оставаме зад себе, прочитавме не само грди и одвратни, туку и загрижувачки расистички и ксенофобични зборови и пораки за жртвите од катастрофалниот пожар во Атина во кој загинаа 80-тина луѓе. Коментарите не само што беа од мизантропска природа со заеднички именител – говорот на омразата туку не потсетија на едно не така дамнешно време каде појавите од типот „ноќ на ножевите“, „погребот му е блиску“ и сл. беа вообичаена појава, непроселдена со реакција на државните органи.

Колку и да се трудат мизантропите да ја релативизираат омразата што сами ја создадоа претходните години преку сеење страв меѓу граѓаните, преку алудирање на нереални работи за федерализација на државата и преку претставување одредени граѓани и групи неистомисленици на власта како изроди на кои им се праќа Ќосето, невозможно е да ја скријат реалноста што толку упорно ја создадоа. А кога сме кај омразата и нејзиното стимулирање, треба да имаме предвид дека таа е оган во кој на крајот сите страни изгоруваат.

Проблемот со мизантропите и омразата не е нов, ниту правно ниту социолошки и причината за неговото постоење можеме да ја најдеме во самата природа на мизантропот и предметот на омразата. Последните години се негуваше трендот на културата на омраза, каде со вклучување на маргинализирани луѓе, кои незадоволни живеат под постојан облак на колективен срам од претходно национално историско понижување и постојано бараат одмазда на свет кои не им дал шанса. Шансата во нивниот случај им беше дадена каде преку нивните социјални профили може да ја негуваат и придонесат кон културата на омразата, без опасност од кривичен прогон – шанса за која цврсто се држеа до самиот крај. Можноста слободно да ја негуваат омразата, тие ја доживуваат како зачленување во „национално братство“ – злокобно братство без сомнеж, кое е далеку технолошки понапредно од заедницата во која живеат, кое им овозможува чувство на припадност во кругот на „избраните“ кои преку ужасните коментари на квази историска, квази христијанска логика со „античка“ подлога придонесуваат кон градењето на културата на омразата.

Културата на омраза се храни со говорот на омразата, а тој експлицитно се забранува на меѓународно ниво со релевантните меѓународни документи, дел од внатрешниот поредок. Тој директно упатува на ограничување на слободата на изразување. Говорот на омраза е полесен за препознавање бидејќи тој содржи намера заснована врз предрасуди која има за цел да дискриминира, вознемири, предизвика реакција или негативен став, нетолеранција, насилство спрема поединци или групи врз основа на верско уверување, национална припадност, ставови и сл. Овие дела се сложена криминална појава која во многу карактеристики е различна од другите кривични дела, а особено во: мотивот на сторителот и објектот на заштита. Мотивот на сторителот е субјективен елемент на овие дела што им дава преносен карактер – зависно дали во неговото извршување стои омразата или дискриминацијата на жртвата како припадник на определена социјална група.

Меѓутоа обвинителството веќе ги направи своите позитивни први чекори кои даваат надеж дека омразата нема да биде толерирана како претходно и работите ќе тргнат на добар пат.

Треба да разбереме дека казнениот третман на делата и говорот на омразата ја демонстрира определбата и капацитетот на државата за доследно почитување на човековите права и слободи. Но ако државата и општеството  не ги почитуваат овие постулати, тогаш тие не може да се сметаат за хумани, праведни, ниту пак демократски без разлика на пропагандата преку постерите и социјалните медиуми.

Кривичиот прогон како ultima ratio ќе прати силна порака која ќе го намали влијанието на мизантропите, но семето на омразата никогаш нема да исчезне. Заедно со нивната култура на омразата. Тие ќе бидат тука, стрпливо чекајќи ја следната криза која повторно ќе ги направи релевантни.

м-р Андреј Божиновски,

Правен советник

© ЖУРНАЛ    ~114,38

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Признале или не, Митко Јанчев ни одржа лекција!
Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?
Зошто во тоа колено?
Рибата Ванда исплива на површина
Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри
Проблематичен до крај
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.