Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Уште 1.600 стечајци ќе бидат материјално обезбедени

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Економија

Уште 1.600 стечајци ќе бидат материјално обезбедени
mkd-385276.jpg

Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Со Законот, како што кажа портпаролот, вкупно ќе бидат опфатени 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.

„Во два наврати донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840“, рече Бошњаковски.

Во врска со владината одлука за комунална депонија во општина Кичево за која АД ЕЛЕМ треба да обезбеди место, Бошњаковски изјави дека ова е само времено решение.

„Владата вчера го задолжи АД ЕЛЕМ  да обезбеди место за времено складирање на комуналниот отпад на една од локациите на ископот на термоелектричната централа Осломеј Кичево. Ова е времено решение, Владата секогаш излегува во пресрет кога општините имаат одредени специфични проблеми“, додаде тој.

 01.08.2018, 13:16  | Xh.I. | 41

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19036
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.