МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Град Скопје: Четири дена ќе прскаме против комарци – против возрасните форми на комарци веќе имаме прскано

Град Скопје: Четири дена ќе прскаме против комарци – против возрасните форми на комарци веќе имаме прскано

петок, 10 август 2018, 09:46ч.   |   Xh.I.

Град Скопје со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое ги обвинија дека манипулираат со граѓаните.

ВМРО-ДМПНЕ треба да престане да го злоупотребува стравот на граѓаните за своето здравје и да не создава и шири паника за евтини и дневни политички поени.

Како и претходно, така и сега, Град Скопје секоја година извршува поголем број наврати на земјено (терестрично) и авионско прскање против возрасните форми на комарци, како и против ларвите од комарци.

Град Скопје до сега ги заврши првите две прскања против возрасни форми на комарци, како и ларви од комарци, а прскањата се направени од авион и од земја.

Првото прскање траеше од 3 до 16 јули, односно од 3 до 7 јули се прскаше од земја, а на 7 и 8 јули се прскаше од авион против возрасни форми на комарци.

На 14 и 16 јули се прскаше против ларви од комарци.

Второто прскање го почнавме на 21 јули и траеше до 7 август, односно со авион се прскаше на 21 и 22 јули, а од земја од 22 јули до 26 јули, против возрасни форми на комарци.

Против ларви од комарци се прскаше на 6 август од авион, а на 7 август од земја.

Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена, почнувајќи од утре (10 август 2018 година, петок) и да трае до понеделник (13 август 2018 година).

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10 август (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13 август (понеделник), во раните утрински часови, а прскањето од земја ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Надвор од ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.