МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики
Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НА..
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Македонија
Соопштенија ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со оваа власт не може да добие позитивен извештај од ГРЕКО

Соопштенија ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со оваа власт не може да добие позитивен извештај од ГРЕКО

петок, 10 август 2018, 09:44ч.   |   Xh.I.

Опозицијата вели дека Македонија никогаш во својата историја откако е член на групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа не добила негативен извештај од ГРЕКО, па очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ стојат зад криминалот и корупцијата во државата.

„Причината за тоа е јасна, владата на СДСМ е дувло на корупцијата во државата, а партиските и државните функционери на СДСМ поим за корумпирани политичари. Македонија не може да добие позитивен извештај за борбата со корупцијата од ГРЕКО кога самиот Зоран Заев беше амнестиран од судот за барање мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен додека тој беше градоначалник на општина Струмица. Иако целата јавност на дело го виде Заев како бара 1 евро за Вицето, 1 евро за Црквата, судот под притисок се реши да го амнестира Заев за криминал тежок 200 илјади евра“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека по примерот на Заев, органите на прогонот го преквалификувале и обвинението и за градоначалникот на СДСМ во Ново Село, Боро Стојчев за кој Заев повеќе пати кажа дека е негов личен пријател. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со ваква слика во правосудството не можеме и не треба да очекуваме позитивен извештај од Советот на Европа за справување со корупцијата во државата.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.