МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд
Заев: Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени
Иванов ќе се обрати во Собранието на 28 декември
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта е одговорна за негативниот извештај на ГРЕКО

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е одговорна за негативниот извештај на ГРЕКО

петок, 10 август 2018, 11:20ч.   |   Xh.I.

Македонија никогаш во својата историја откако е член на групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа не добила негативен извештај од ГРЕКО. Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ стојат зад криминалот и корупцијата во државата. Причината за тоа е јасна, владата на СДСМ е дувло на корупцијата во државата, а партиските и државните функционери на СДСМ поим за корумпирани политичари.

Со ваква слика во правосудството ниту можеме да очекуваме, ниту треба да очекуваме позитивен извештај од Советот на Европа за справување со корупцијата во државата. Зоран Заев го користи државниот буџет како своја лична сметка, а грантовите и тендерите како валута за исплата на партиски и државни функционери, кои  работат исклучиво за партиските интереси и се најзаслужни за урнисување на државните и национални интереси.

Нулата во економијата, Заев ја дополни со незадоволителна оценка единица во борбата со корупцијата. Не можеме да очекуваме ништо повеќе од криминалниот картел на власт кој единствено работи за своите интереси и се богати на грбот на обичниот граѓанин.

Извештајот на ГРЕКО уште еднаш и потврди на целата македонска јавноста дека распродавањето на националните и државните интереси нема да приближи Македонија поблиску до ЕУ и НАТО. Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО е блокиран не од македонското име, јазик и идентитет туку од корупциските скандали на функционерите на власта кои на изглед немаат крај.
 

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.