МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Регион
Белград и Приштина да бидат флексибилни и креативни, порачаa САД

Белград и Приштина да бидат флексибилни и креативни, порачаa САД

петок, 10 август 2018, 13:19ч.   |   Z.H.

 Американската амбасада во Белград порача дека е време акциите во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни.

 
Од амбасадата велат дека Белград и Приштина мораат да изнајдат решение кое нема да дојде од страна. На прашањето дали американската администрација го променила ставот за конечно решение  на статусот на Косово, од амбасадата на САД рекоа дека се подготвени да слушнат и помогнат во преговорите, со цел да биде постигнат договор.
 
„Целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за стабилноста на регионот. Нормализацијата истотака ќе отвори јасен пат за двете земји за членство во ЕУ. САД цврсто ги поддржуваат преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ. Сега е време вклучените страни во преговорите да бидат креативни и флексибилни. Тие мораат да предложат решение кое нема да дојде од страна“, наведе амбасадата на САД.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
ЉУБОВНА ДРАМА: Скокнал од 13 кат по караница со девојката
СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.