МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Регион
Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

петок, 10 август 2018, 12:18ч.   |   Z.H.

 Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

 
Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.
 
На островот Андрос, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот ви областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.
 
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција за денес предупредија зголемена опасност од пожари во голем дел од земјата. Во портокалова фаза (многу висока опасност, категорија 4) се Халкидики, областа Атика, речиси целиот остров Пелопонез, полуостровот Евија, островите во северниот дел на Егејското море (Лезбос, Хиос, Самос, Икариа), Килкадските острови, како и островите во Јонското море (Лефкада, Кефалониа, Закинтос).
 
– Паралелни, Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожари, како што е фрлање на запалени цигари, палење сува трева и гранки или остатоци од чистење, употреба на машини пто создаваат искри, како што се пили, апарати за заварување, употреба на скари и сл – соопштуваат од секретаријатот за цивилна заштита во препораките до граѓаните за избегнување пожари.
 
Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
ЉУБОВНА ДРАМА: Скокнал од 13 кат по караница со девојката
СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.