МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Регион
Со години ја заговарам опцијата за разграничување со Косово, вели Вучиќ

Со години ја заговарам опцијата за разграничување со Косово, вели Вучиќ

петок, 10 август 2018, 11:18ч.   |   Z.H.

 Сакаме јасна граница, а не привремена состојба како што е денес, односно едно напишано, а друго на терен, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, за „Новости“.

 
На овој начин Вучиќ го образложи неговиот став за разграничувањето додавајќи дека Србија сака земја чии граници ги знае и што ќе бидат јасно дефинирани. Тој истакна дека неговата идеја за разграничување не е ништо ново и дека опцијата се заговара со години, а тој отворено зборувал во јавноста.
 
„Многупати зборував на оваа тема, не е ништо ново, а тоа што некои поради својата совест на ова гледаат со чудење и имаат расипана фантазија, тоа не го разбирам“, рече Вучиќ.
 
Српскиот претседател додаде дека не крие оти го поддржува разграничувањето и истакна дека е тоа политиката што тој ја преставува.
 
„Не знам дали ќе добие поддршка од народот или не, но јас се залагам за разграничување со Албанците“, истакна Вучиќ.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.