Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Парма ја стартува сезоната без одземени бодови, намалена казната на Калајо

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Фудбал

Парма ја стартува сезоната без одземени бодови, намалена казната на Калајо
2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f344393.jpg

Апелациската комисија на Италијанската фудбалска федерација ја поништи казната на повратникот во елитата Парма за одземање 5 поени за новата сезона.

Санкцијата на напаѓачот Емануеле Калајо од две години забрана беше сведена на четири месеци. Тој, исто така, ќе мора да плати казна од 30.000 евра.

По враќањето во Серија „А“ тимот беше обвинет за обид за местење на натпреварот од последното коло на минатата сезона во Серија „Б“ против Специја. На Парма и беше потребен успех за да обезбеди директна промоција и победи со 2:0 при гостувањето.

Обвинителството го истражуваше натпреварот поради СМС-и во телефонот на 36-годишниот напаѓач на тимот, Емануеле Калајо. Со пораки, тој ги повикува играчите на Специја да не даваат се од себе на теренот.

Калајо призна за пораките, но ги дефинираше како шега. /МИА

 10.08.2018, 11:16  | Xh.I. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4890
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.