Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Живеачката поскапе, цените на мало рипнаа за 2,8 отсто, поевтинија само книгите за 11 отсто

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Економија

Живеачката поскапе, цените на мало рипнаа за 2,8 отсто, поевтинија само книгите за 11 отсто
zelencuk-pazar-696x464.jpg

Трошоците на живот во јуни се непроменети во споредба со претходниот месец, а во однос на јуни лани бележат раст од 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци цените на мало бележат раст од 0,2 проценти во однос на мај годинава, а во однос на јуни лани раст од 2,8 проценти.

Објавените податоци покажуваат дека кај трошоците на животот е забележано движење во подгрупите, односно во споредба со претходниот месец, е забележан раст кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 отсто, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4,8  отсто, услугите за сместување за 3,7 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3,5 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,8 отсто, гасот за домаќинствата
за 2,6 отсто, парамедицинските услуги за 2,2 отсто, стоматолошките услуги за 1,8 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,1 отсто, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0,6 отсто и обувките за 0,4 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 6,7 отсто, компирот за 2,2 отсто, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0,5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 11,3 отсто, авионскиот превоз на патници за пет отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4,4 отсто, телефон и телефакс-опремата за 4,1 отсто, болничките услуги за 1,7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1,1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за  еден отсто информатичката опрема за 0,8 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,6 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за лична хигиена за 0,5 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот и лековите за 0,2 отсто.

 09.07.2018, 13:31  | Xh.I. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17387
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.