МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
СДСМ: Одлуките на граѓаните на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени

СДСМ: Одлуките на граѓаните на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени

сабота, 21 јули 2018, 12:16ч.   |   Z.H.

 Со постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција се отстрани и последната пречка Македонија да добие покана за членство во НАТО и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во 2019 година. Со договорот Македонија добива иднина, а граѓаните на Македонија добиваат чист терен за подобар живот, реагираат од СДСМ. 

„Прашањата за членството во НАТО, ЕУ и за договорот склучен во Преспа се прашања од највисоко значење за иднината на Македонија, на сегашните и идните генерации и затоа граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Граѓаните се носители на суверенитетот, граѓаните одлучуваат на избори и на референдум. Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него мора да биде обврзувачка за сите, бидејќи гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина“, се вели во соопштението на владеачката партија. 
 
Законот за референдум во Член 27 овозможува претходно консултирање за прашања од пошироко значење преку распишување референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните, односно таканаречен консултативен референдум.
 
„Граѓаните ќе имаат можност на референдум слободно и директно да одлучат за македонско-грчкиот Договор и преку тоа за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, како две директно поврзани прашања кои се однесуваат на иднината на државата. За уставните измени, кои се неопходни за да се спроведе договорот и со тоа Македонија да стане членка на НАТО и да почне преговори за членство во ЕУ, треба да гласаат пратениците во Собранието на Република Македонија. Пратениците се избраници на народот и тие имаат обврска да ја следат волјата на граѓаните изразена на референдумот. Согласно Законот за референдум, Собранието може и треба да ги консултира граѓаните пред да донесе одлука за вака важно прашање кое се однесува на иднината и квалитетот на живот на сите граѓани“, додаваат од СДСМ. 
 
Затоа, од врвен интерес е сите политички партии и сите граѓански и политички субјекти да застанат зад референдумот и референдумското прашање како врвен демократски инструмент за изразување на волјата на граѓаните.
Сите партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ, кои со години се залагаа за членство во ЕУ, НАТО и за референдумско изјаснување за договорот за името имаат обврска да ги повикаат граѓаните да се изјаснат за стратешките интереси на државата и потоа обврзувачки да го испочитуваат гласот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту мандат ниту право да отстапува од референдумот и од членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.