МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Кривични пријави за четири лица за несреќата во која загинаа двајца мигранти

Кривични пријави за четири лица за несреќата во која загинаа двајца мигранти

сабота, 21 јули 2018, 12:15ч.   |   Z.H.

 Полицијата поднесе кривични пријави за четири лица, Ќ.Н. (31), Џ.Н. (33) , М.Н. (21) тројцата од Скопје и П.П. (39) од Гевгелија, за „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" и „криумчарење мигранти" за случајот во кој во сообраќајна несреќа што се случи на патот Радовиш - Штип загинаа двајца, а беа повредени 12 илегални мигранти.

Како што информира МВР, со цел стекнување противправна имотна корист пријавените организирале криминална група за криумчарење на илегални мигранти што потоа нелегално биле пренесувани од територијата на Република Грција во Република Македонија, каде биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од Ќ.Н., а потоа мигрантите ги превезувале кон липковско-кумановскиот регион, каде времено ги засолнувале и ги криумчареле кон Србија и земјите на ЕУ.
 
Според документираните сознанија, на 22-ри минатиот месец пријавените Ќ.Н. и М.Н., по претходен договор со Џ.Н. од правно лице од Скопје купиле товарно моторно возило „Ивеко" со скопски регистерски ознаки на име на третопријавениот, а потоа возилото со купопродажен договор го префрлиле на име на П.П. со цел прикривање на трагите на сопственост на возилото.
 
По префрлување на група од 23 илегални мигранти преку т.н. "зелен појас" од Грција во Македонија, на 25 јуни согласно претходниот меѓусебен договор на членовите на криминалната група, П.П. со возилото „Ивеко" од село Богородица, преку Валандово и т.н. „Валандовско брдо", се упатил на договорена локација во близина на село Костурино, Струмичко, каде што биле мигрантите. П.П. ги прифатил мигрантите по потекло од Бангладеш и Шри Ланка, ги сместил во затворениот-товарен дел од возилото и се упатил кон Штип со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион.
 
При транспортот заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, П.П. изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда, поради што од силината на ударот на лице место починале двајца од 23-та илегални мигранти кои ги превезувал, додека 12 биле тешко повредени. По собраќајната несреќа, П.П. успеал да побегне од местото на несреќата.
 
По преземени мерки и активности врз основа на издадени наредби за преземање на истражни дејствија, извршени се претреси на три локации од кои две во Скопје и една во Гевгелија. Лицата П.П. и Џ.Н. се лишени од слобода.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.