Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Арсовски: Партиите треба да го игнорираат цензусот за референдум и да повикаат на гласање, а не на бојкот

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Арсовски: Партиите треба да го игнорираат цензусот за референдум и да повикаат на гласање, а не на бојкот
mkd-383894.jpg

Комуниколог Петар Арсовски во изјава за „Макфакс" вели дека рефрендумот е консултативен или обврзувачки зависно од резултатите. „Ако политичките партии се обврзат дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот, тогаш не е важно дали е консултативен или обврзувачки", смета Арсовски.

„Тоа е поважно од тоа дали ќе го именуваме задолжителен, облигаторен, консултативен итн… Она што е важно е дали двете страни имаат подеднакви шанси да добијат победа на тој референдум и дали политичките елити по тој референдум ќе ја почитуваат таа одлука“, вели тој.

На прашањето дали е доволно чесно референдумското прашање, Аросвски вели дека договорот со Грција не може да се расчлени во 50 референдумски прашања бидејќи е комплесно прашање кое содржи повеќе делови: „Тоа мора да биде некаков пакет. Мислам дека во оваа смисла, добро е прашањето да се врзе со НАТО и ЕУ, бидејќи имаме јасна порака дека тоа е услов“.

Во однос на цензусот, Арсовски смета дека е правен без статистички податоци. „Ние не знаеме колку луѓе всушност се во Македонија, бидејќи сме немале попис и не знаеме дали тој цензус од 51% воопшто може или не може да се достигне. Второ, кај референдумот цензусот е глупост затоа што им ја прави двојно полесна задачата на оние кои би гласале ‘против’. 200 илјади луѓе кои инаку би гласале ‘против’, може да надгласаат одлука од 700 илјади луѓе кои би гласале ‘за’, со тоа што ќе останат дома. Главната поента на референдумот е да им даде на двете страни подеднаква шанса“, додава политичкиот аналитичар.

„Мицкоски тврди дека мнозинството Македонци се против договорот. Тогаш, зошто бојкот? Заев се обврза дека ако има и само 1 глас повеќе ‘против’, ќе се повлече.  Сè додека цензусот се книжи како глас ‘не’, сè додека апстинентите ги книжиш како глас ‘не’, ниедна страна нема да има фер пристап. Единствен фер пристап за двете страни е игнорирање на цензусот“, смета Арсовски.
 

 20.07.2018, 11:19  | Xh.I. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19004
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.