МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд
Заев: Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени
Иванов ќе се обрати во Собранието на 28 декември
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје
Македонија
Техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори, побара ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори, побара ИК на ВМРО-ДПМНЕ

петок, 20 јули 2018, 11:18ч.   |   Xh.I.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок ја анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата кои се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво.

„Извршниот комитет ја потврди принципиелната позиција на партијата и инсистирањето на реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори. Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“ е заклучено на состанокот.

За да се види јасно волјата на граѓаните на референдумско изјаснување, Извршниот комитет смета дека мора да се почитува законот кој предвидува недвосмислени прашања.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од партијата, му даде целосна и недвосмислена поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во понатамошниот тек на лидерската средба.

Македонските граѓани, додаваат од опозициската партија, заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.