МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
МАН: Заев да ја провери подготвеноста на советникот Забрчанец да ја извршува својата работа

МАН: Заев да ја провери подготвеноста на советникот Забрчанец да ја извршува својата работа

четврток, 19 јули 2018, 14:51ч.   |   Xh.I.

Македонската асоцијација на новинари го осуди вчерашниот инцидент во кој фоторепортерите беа спречени да ја вршат својата работа од страна на владини претставници.

„Ги осудуваме обвинувањата и квалификациите изречени од советникот Марјан Забрчанец до медиумите присутни на синоќешната лидерска средба во Клубот на пратеници“, велат од МАН.

Од таму велат дека не е првпат да се одржуваат лидерски средби во Клубот на пратеници и затоа изненадува реакцијата на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев и неговите советници, кои вчера ги попречија медиумите да ја извршуваат својата работа.

„Го повикуваме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да ја провери подготвеноста на полицајците кои го обезбедуваат премиерот Зоран Заев. Истовремено, го повикуваме премиерот Заев да ја провери подготвеноста на советникот Марјан Забрчанец да ја извршува својата работа“, додаваат од МАН.

Минимум што очекуваме, како што велат, е да им се укаже дека работа на медиумите е да известуваат секогаш и секаде, а обврска на државата е тоа право да не им го попречува. Се надеваме, порачуваат од МАН, дека ова ќе остане изолиран и последен инцидент.

© ЖУРНАЛ    ~58,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.