МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Собранието едногласно ја донесе Декларацијата за членство во НАТО

Собранието едногласно ја донесе Декларацијата за членство во НАТО

четврток, 19 јули 2018, 13:16ч.   |   Xh.I.

Со 76 гласа „за“, без воздржани и против  Собранието на денешното продолжение на 53.седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.

– Искуствата на земјите од ЈИЕ поврзани со членството во НАТО покажуваат дека кога некоја држава ќе се приклучи на Сојузот не може, а да не се споменат дополнителните ефекти што се одразува во државата, а се од економска природа поврзани со раздвижување на бизнисот и со зголемување на вложувањата од страна на странски инвеститори, рече Локвенец.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот на РМ за полноправно членство во НАТО алијансата.

– Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворатславините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко, рече Данев.

Членството во НАТО, како што посочи, значи многу работа и обврски за сите граѓани во Македонија, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здравствен систем…

Тој рече дека факт е оти ВМРО-ДПМНЕ беше онаа политичка опција која во 1990 година се формираше врз три постулата за независна Македонија, влез на РМ во европската заедница и влез на РМ во НАТО.

Седницата ќе продолжи по паузата што ја даде претседателот на Парламентот Талат Џафери бидејќи дел од пратениците учествуваат во работа на собраниските комисии..

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.