МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Македонија
Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

четврток, 19 јули 2018, 13:15ч.   |   Xh.I.

По 15-тина часа од завршувањето на лидерската средба во проширен партиско-пратнички состав, предмалку во Клубот на пратениците почна новата рунда разговори, овојпат само меѓу лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами. Ваквиот формат на лидерската средба синоќа го побара Мицковски, по напуштањето на состанокот.

Се очекува и денеска партиските лидери да дискутираат за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно за формулацијата на референдумското прашање.

На средбата во Клубот на пратеници Заев е придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахмети е со вицепремиерот Бујар Османи, додека Касами е придружуван од Кастриот Хаџиреџа.

На партиите на Албанците од опозиција им било оставено сами да се договорот кој ќе ги претставува на денешниот состанок.

Премиерот Заев по синоќешната лидерска средба соопшти дека референдумското прашање би можело да биде: Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? и оти претстојниот референдум потребно е да биде консултативен.

Тој изрази разочарување што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти средбата само еден час по почетокот велејќи дека тоа е несериозно, неодговорно и навредливо кон претставниците на сите политички партии кои беа на разговорите и кон граѓаните.

– Како процес вечерва разговарав со лидерите на политичките партии и ги информирав за можната формулација на референдумското прашање кое би се движело во следата насока –  Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу РМ и Република Грција, изјави Заев.

Појасни дека е разговарано и за членот 27 од Законот за референдум, според кој во услови кога Собранието треба допрва да донесе некоја исклучителна важна одлука за иднината, потребно е референдумот да биде консултативен.

Одлуката, додаде Заев, се смета за конечна, доколку на референдумот излезат најмалку 50 проценти од  вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.