МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Македонија
Руската амбасада бара истрага за наводите за руско финансирање на протестите

Руската амбасада бара истрага за наводите за руско финансирање на протестите

вторник, 17 јули 2018, 09:48ч.   |   Xh.I.

Pуската амбасада во Скопје реагираше на изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев за финансирање на протестите во Македонија од некои бизнисмени од Русија. „Сметаме дека ваквите паушални изјави, како и неодамнешните наводи на министерот за одбрана Радмила Шекеринска, имаат за цел ширење на русофобијата, што преку западните партнери на Македонија сe почесто се прифаќа како алатка за постигнување сопствени внатрешни и надворешно политички цели“, се наведува во соопштението на Амбасадата. Руската амбасада натаму оценува дека ваквите изјави ја доведуваат во прашање „искреноста на заложбите на Владата на Република Македонија за градење пријателски односи со Руската Федерација“. „Очекуваме македонската страна, во рамките на правното поле на својата држава и меѓународната практика, да спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Македонија и да и презентира на јавноста, како и на руската страна, реални факти, а не конструкции“, се додава во сопштението на Руската амбасада во Скопје.

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.