МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Македонија
Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби

Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби

вторник, 17 јули 2018, 09:48ч.   |   Xh.I.

Ги демантираме натписите во медиумите и отфрламе секаква вмешаност во протестите во Македонија. Следуваат тужби против авторите и медиумите на објавениот текст во кој се споменува името на Савидис, се вели во соопштението на неговата групација компании.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од групацијата го објави грчката новинска агенција АНА-МПА, со коментар дека се однесува на текстот објавен во Базфид.

„Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема никаква врска или вмешаност со она што се споменува во апсолутно невистинитиот и крајно клеветнички текст. Затоа, веќе во следните часови и искористувајќи ги сите правни средства што ни се на располагање, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава“, пишува во соопштението од групацијата компании во сопственост на Иван Савидис.

Руски милијардер што живее во Грција им дал стотици илјади евра на македонски противници на промената на името на земјата. Меѓу оние што примиле пари се и фудбалски хулигани што протестираа во главниот град, објавија вчера неколку медиуми.

Македонскиот премиер обвини „грчки бизнисмени“ наклонети кон интересите на Русија за поттикнување на немирите во земјата поради предложената промена на нејзиното име, која, ако се оствари, конечно ќе ѝ овозможи да влезе во НАТО.
 

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.