Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Османи: Имаме можност што се појавува само еднаш и не смееме да ја испуштиме

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Османи: Имаме можност што се појавува само еднаш и не смееме да ја испуштиме
mkd-383448.jpg

Ова е време на одлуки со големо „О“. За Македонија европската и интеграцијата во НАТО е точката која не поврзува во земјата и пред нас имаме една година за да докажеме дека го заслужуваме членството, порача вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Пред почетокот на обраќањето Османи кажа дека претседателот на Советот, Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ, имал евроскептичен и популистички говор и дека се надева оти тоа не е официјален одговор на опозицијата на барањето „секоја граѓанин, па и опозицијата да се произнесе на која страна е од евроатлантскиот процес“.

„Ова е време на одлуки со големо ‘О‘. Станува збор за големи историски одлуки, стратешки, државни кои секој од нас ќе треба да ги донесе по сопствено убедување оти не се само за нас, туку и за идните генерации. Од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Оваа можност која е пред нас се појавува само еднаш и не смееме да ја испуштиме. Немаме повеќе време за губење“, рече Османи во обраќањето на седницата на која присуствуваа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл.

Според него, ова не е успех само на оваа Влада, туку и на сите претходни и нагласи дека земјата оди напред бидејќи, „свесни сме дека нашите одлуки се правилни“. Тој додаде дека нема простор за дилеми и дека земјата има капацитет за спроведување на пристапните преговори.

„Нема простор за скептицизам и недоверба бидејќи таа не е основана. Да, ние можеме. Можеме да постигнеме резултати. Нема основа да не веруваме во себе дека овој процес можеме да го поминеме успешно. Моментот е сега, а одговорноста е наша. Нѐ очекува голема работа, заедно сме посилни“, порача Османи.

 
 

 17.07.2018, 15:17  | Xh.I. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19003
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.