Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Албанија забележан раст на дознаките од странство

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Регион

Во Албанија забележан раст на дознаките од странство
d0b2d0be-d0b0d0bbd0b1d0b0d0bdd0b8d198d0b0-d0b7d0b0d0b1d0b5d0bbd0b5d0b6d0b0d0bd-d180d0b0d181d182-d0bdd0b0-d0b4d0bed0b7d0bdd0b0d0bad0b8.jpg

 Албанските емигранти во првиот квартл од годинава на своите семејства во Албанија им испратиле осум отсто повеќе средства споредено со истиот период лани.

 
Според податоците од Централна банка на Албанија, во овој период  тие траснферирале 147 милиони евра, што е за 12 милиони евра повеќе од минатата година.
 
Најголемиот дел од добиените средства се трошат за задоволување на потребите за храна и за облека. Дознаките и понатаму се главни приходи во семејствата, посебно во подрачјата на Кукс и Пешкопеја, каде отпаѓаат 15-19 отсто од вкупниот износ на  парите.
 
Областа Кукс има највисоко ниво на сиромаштија или 22,5 отсто и приходите од емигрантите позитивно влијаат за намалување на таквата појава.
 
Анализите на Централната банка потврдуваат дека во Албанија поголемиот дел од средствата не се трасферираат преку банкарски сметки. Тоа е поради високата провизија, како и ниското ниво на финансиска култура, посебно во руралните подрачја.
 
Во западноевропските земји живеат и работат 1,15 милиони албански емигранти, поголемиот процент во Грција и во Италија, кои со парите кои ги испраќаат помагаат 26 отсто од албанските семејства. Во текот на минатата година депозитите на албанските емигранти достигнале 1,16 милијарди евра.
 17.07.2018, 15:21  | Z.H. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18941
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.