МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Свет
Иран поднесе тужба против САД пред меѓународниот суд во Хаг

Иран поднесе тужба против САД пред меѓународниот суд во Хаг

вторник, 17 јули 2018, 13:13ч.   |   Z.H.

 Иран поднесе тужба против САД пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради повторното воведување економски санкции, соопшти иранското министерство за надворешни работи.

„Тужбата е поднесена на 16 јули и е предадена во Судот“, се вели во соопштението и се додава дека целта е САД да одговараат за „повторното незаконско воведување незаконски санкции против Иран“.
 
„Напроти презирот на САД кон дипломатијата и сопствените законски обврски, Иран од своја страна е посветен на владеењето на правото“, изјави шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф и додаде дека од императивно значење е спротивставувањето на „американската навика на кршење на меѓународното право“.
 
Зариф кажа дека тужбата се однесува на американското кршење на меѓународните обврски особено кон американско-иранскиот договор за пријателство од 1955 гоидна. Тој договор во неколку наврати е спомнуван во споровите меѓу Техеран и Вашингтон пред Меѓународниот кривичен суд.
 
Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година.
 
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на 8 мај годинава дека неговата земја се повлекува од нуклеарниот договор кој во 2015 со Иран го постигнаа шесте големи сили – САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија.
 
Со тој договор се ограничени нуклеарните активности на Иран на кој за возврат му беше ветено укинување на меѓународните санкции.
 
Трамп пред повлекувањето од договорот најави и повторно воведување на санкциите против Иран, кои во фази треба да почнат да се враќаат од август.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.