МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики
Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НА..
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Македонија
Извештај: На Западен Балкан ќе му треба половина век да ги достигне стандардите на ЕУ

Извештај: На Западен Балкан ќе му треба половина век да ги достигне стандардите на ЕУ

вторник, 17 јули 2018, 11:31ч.   |   Xh.I.

На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 годии да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“.

Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, во овој извештај е многу мрачна, а меѓу големиот број пречки, освен хроничната економска стагнација, се спомнуваат и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.

– Западниот Балкан од насилните конфликти во 90-тите години надмина многу проблеми, но тука завршуваат добрите вести од овој регион. Тој останува оптоварен со испреплетени проблеми. Сето ова не може да се земе здраво за готово. Проблемите во меѓувреме се влошија, а локалните елити имаат интерес да задржат статус кво – се наведува во документот.

Во извештајот на Британскиот комитет се констатира и дека пред помалку од 25 години на Западен Балкан имало војна, како и дека се случило „најекстремното насилство кон цивили во Европа од крајот на Втората светска војна“.

Во документот се цитира и Димитар Бечев од Универзитетот во Северна Каролина.

– Надминати се многу проблеми кои во 90-тите години доведоа до насилни судири, но добрите вести тука завршуваат. Ситуацијата на Западен Балкан сė уште ја отежнуваат билатералните спорови и етничките конфликти – наведе Бечев.

Во британскиот извештај исто така се споменува и не толку големата популарност за проширувањето на ЕУ меѓу граѓаните во државите членки, јави Танјуг.

Директорот на агенцијата Нова Европа од Кембриџ, Тимоти Лес вели дека 59 проценти од граѓаните поддржуваат прием на нови членки, додека 49 проценти се апсолутно против.

– Судејќи според сегашниот тренд, на Западен Балкан ќе му требаат децении да се приклучи во ЕУ, оцени Лес.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.