МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Македонија
Заев: Русија да биде свесна дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО

Заев: Русија да биде свесна дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО

вторник, 17 јули 2018, 11:30ч.   |   Xh.I.

Русија треба да биде свесна дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправно членство во Европската унија и НАТО. Македонската Влада не само што сака да ја потврди соработската со Руската Федерација, туку сака и да ја унапреди.

Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на Руската амбасада на неговата изјава за финансирање на протестите во Македонија од страна на некои бизнисмени од Русија.

- Јас само коментирам факти и изјави што допреле до мене од извештаите кои ги знам, со конечна цел да се прекине пријателството кое го градиме. Притоа знаат сите, треба да знае и Руската Федерација дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправното членство во ЕУ и НАТО. Ние остануваме да блескаме во аспектот на градење на пријателството со сите. Ние сме мала земја со пријатели, без непријателства секако имаме поголеми шанси за нашите перспективи. Тоа го докажавме со соседите, тоа го правиме насекаде во ЕУ со земјите членки во НАТО, сакаме да го правиме и со сите земји во светот, нагласи премиерот.

Истакна дека од тој аспект денешното означување на процесот на скринингот е мошне важен историски момент.

- Почнуваме скрининг процес, формираме преговарачки групи. Од 2005 година го чекаме ова, порача Заев и изрази благодарност до Хан и неговиот тим што присустувале на владината седница, посветена на скринингот.

Нагласи дека треба да останеме посветени на овој момент, кој треба да биде дополнителна мотивација на сите во општеството да чекорат по патот на исполнување на условите на патот кон ЕУ.

© ЖУРНАЛ    ~90,30

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.