МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Економија
Американската компанија „Дура“ почнува со изградба на фабрика во Бунарџик

Американската компанија „Дура“ почнува со изградба на фабрика во Бунарџик

понеделник, 16 јули 2018, 09:19ч.   |   Xh.I.

Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје фрнрдкс ќе почне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
 
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања во саботата вечер во Велес на прослава по повод поканата за членство во НАТО.
 
– Во последните седум-осум 16 странски инвестиции потпишаа договорза влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, којашто во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме со се што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме ленти да фрламе лопати, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу среќа, но ќе им овозможиме тие да доаѓаат – истакна Анѓушев и додаде дека Владта ќе овозможи тие да доаѓаат.
 
Тој потенцира дека ако во последните седум-осум години во Македонија се направени 20 такви инвестиции, сега за 10 месеци отпочнати се 16 при што, како што рече, не потрошивме пари за маркетинг и се надевам дека граѓаните ќе можат да ја направат разликата.

© ЖУРНАЛ    ~120,40

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.