Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заев: Можни се предвремени избори доколку гарантираат успешен референдум

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Заев: Можни се предвремени избори доколку гарантираат успешен референдум
133716737.jpg

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на неделава да се заокружи процесот околу датумот, прашањето и карактерот на референдумот за името.

“Овие работи очекуваме до крајот на неделата заедно политичките лидери, претставници на политичките парламентарни партии, да ги дефинираме заради тоа што роковите се собираат, времето се собира ако сакаме да ги фатиме датумите 23 септември, 7 октомври како некои проектирани датуми. Очекувам дека оваа седмица ќе можеме да го заокружиме процесот и околу датумот за референдумот и прашањето и околу карактерот”, изјави Заев.

Како што рече Заев, продолжуваат разговорите околу законот за финансирање на политичките партии и изборот на ДИК, делот околу техничка влада, Пржинскиот процес…
Премиерот смета дека заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако, како што вели, тоа го гарантира успешниот референдусмки процес.

“Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата бара избори. Сум бил опозиција пред една година и знам дека е вредност да се седне да се разговара секако ако ова го гарантира успешниот референдумски процес како процес. Граѓаните ќе си кажат на самиот процес, но ако успее процесот да го достигнеме цензусот да ги мотивираме граѓаните да излезат за едно вакво историско прашање сите опции се отворени па дури и ова, така што заедно тоа ќе го разгледуваме”, изјави Заев.

Не исклучува свикување лидерска средба во случај работните групи на парламентарните партии до крајот на неделава да не постигнат договор.

“Очекувам до крајот на оваа недела работните групи да ги решат работите заради тоа што даваме импакт и ние како лидери. Ако не се случи решение преку работните групи јас би свикал лидерска средба или кој било од лидерите од парламентарните партии би можел да свика. Редно е до крајот на оваа недела да ги заокружиме овие процеси. Граѓаните очекуваат одговори и од името на граѓаните верувам дека ќе ги дадеме сите овие одговори до крајот на неделава”, рече Заев.

“Ако се подготвени рамо до рамо за евроатлантската иднина на нашата заедничка Македонија зад која стоиме сите, тогаш стојам на располагање да разговараме за се. Но мора да дефинираме, ако сме за НАТО и ЕУ тоа да го поддржиме. Не може да бидеме за НАТО и ЕУ, а да бидеме против ваквите процесите кои ја донесоа Македонија пред НАТО и ЕУ. Чесно е сите лидери да ги заземат своите позиции, да излезат на површина, на чисто, заради тоа што тоа е најмалку што им го должиме на граѓаните”, рече Заев.

 16.07.2018, 15:09  | Xh.I. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4895
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.