Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Спасовски: Не мислам да водам истрага преку медиумите

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Спасовски: Не мислам да водам истрага преку медиумите
mkd-257202.jpg

„Не мислам да водам истрага преку медиумите“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање дали МВР има сознание и ќе покрене истрага во врска со изјавата на премиерот Заев дека проруски бизнисмени од Грција плаќале за насилство во пресрет на референдумот.

„Што било да имаме и какви било информации да имаме што се однесуваат на сензитивни прашања, ниту ќе можеме, ниту смееме, ниту, пак, е потребно тоа да го водиме преку медиумите и како истрага да ја спроведуваме преку медиумите. Треба да знаете дека во секој момент кога ќе имаме што било да соопштиме, што е во фаза на можност да биде соопштено, тоа ќе го направиме“, рече Спасовски.

Запрашан дали МВР го пронашло третиот напаѓач на Саздовски кој беше претепан до смрт и дали е пронајдено возилото „мерцедес" од кое излегле напаѓачите, министерот Спасовски посочи дека возилото и идентитетот на двајца од напаѓачите е утврден уште истиот ден.

- За третиот напаѓач веќе имаме конкретни сознанија и очекуваме многу скоро тоа да се случи, рече Спасовски и појасни дека кога ќе имаат можност да го обезбедат ќе го обезбедат и ќе информираат за тоа.

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека градот не е безбеден, Спасовски рече дека фактите говорат друго.

„Во однос на тоа што кажува опозицијата апсолутно јас не можам да ја градам стратегијата како треба да работиме. Фактите покажуваат дека нивото на криминалитетот е опаднато драстично од тоа време кога тие ја водеа државата. Второ, откривачката дејност на полицијата е исто така многукратно зголемена со поднесување и расветлување на кривични дела и кривични пријави. Јас се обидувам да имаме стратешки пристап кон зголемување на безбедноста и во Скопје и во Република Македонија“, рече Спасовски кој денеска присуствуваше на трибина посветена на заштитата и чувањето на шумите во Центарот за обука во Идризово.
 

 16.07.2018, 15:10  | Xh.I. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18849
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.