МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Македонија
Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во Парламентот, инаку немаше да го потпишеме

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во Парламентот, инаку немаше да го потпишеме

понеделник, 16 јули 2018, 15:10ч.   |   Xh.I.

Очигледно е дека договорот ќе помине во грчкиот Парламент, во спротивно немаше да го потпишеме, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио Реал фм.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос објаснува дека грчката влада сака во Парламентот да има колку е можно поголемо мнозинство „за овој многу важен договор, што на најдобар можен начин затвора едно 25-годишно прашање“.

-Господинот Каменос и Независни Грци доставија предлог во врска со потребата за едно проширено мнозинство во грчкиот Парламент, за 180 пратеници. Овој предлог е на маса. Грчката Влада ги очекува резултатите на референдумот и обидот за уставна ревизија и штом ова се заврши на позитивен начин, ќе го сториме она што го предвидува договорот, да го донесеме во грчкиот Парламент, борејќи се за колку е можно пошироко парламентарно мнозинство, кое според мое мислење, е можно да се постигне – рече Ѕанакопулос за грчкото радио.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.