МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Ахмети за ,,Ора њус”: Законот за јазици и договорот за името истовремено ќе стапат на сила

Ахмети за ,,Ора њус”: Законот за јазици и договорот за името истовремено ќе стапат на сила

понеделник, 16 јули 2018, 13:13ч.   |   Xh.I.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус“ изјави дека се работи на стратегија чија цел е конечно да стапи во сила законот за јазиците, а непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов го оценува како негова голема грешка.

-Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во пакет и законот и Договорот со грчката страна да стапат во сила заедно. Ние разработуваме стратегија за да биде еден успешен чекор, изјави Ахмети.

Тој зборува и околу името на Република Македонија, нагласувајќи дека Албанците биле вклучени и оти ги дефинирале имињата што ќе ги сметаат за неприфатливи.

-Албанците беа длабоко ангажирани во овој процес за да се постигне компромис со грчката страна. Како што е познато, решавањето на прашањето за името беше еден од главните услови како на ЕУ така и на НАТО, бидејќи Грција има право на вето, па без решавање на проблемот со името сигурно проблемот ќе ни претставуваше пречка и понатаму. Албанците беа дел кој придонесе за решението, но тие не беа дел од проблемот. Албанците се задоволни, тоа е прифатливо за нас. Ние кажавме со кое име нема да се согласиме, а тоа Национална Република Македонија или Република Славо-Македонија, така што со тоа ја запознавме јавноста и меѓународната дипломатија, вели Ахмети.

Поканата за НАТО што ја доби Македонија, Ахмети ја оценува како позитивна вест за целиот регион.

-Поканата што и се дава на Македонија за членство во НАТО претставува историски момент за мирот во регионот, за стабилноста во Република Македонија, за меѓуетничките односи во Македонија. Секако дека членството на Македонија во НАТО е важен момент за двете најголеми заедници, Македонците и Албанците, бидејќи мирот, стабилноста и безбедноста се од витално значење за нас во Македонија, но ито така тоа е голема придобивка и за целиот регион на Западен Балкан, смета Ахмети.
 

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.